бев (гл.) - открие (гл.)

Трикот беше откриен, и практиките на моќ беа демаскирани.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
По вклучувањето на Еми во екстернализирачките разговори за anorexia nervosa преку истражување на нејзините реални ефекти во животот, таа почна да идентификува различни практики на само- управување - дисциплинирање на телото - и само-определувања кои биле вградени во anorexia nervosa. Anorexia-та повеќе не беше нејзиниот спасител.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, половина век порано, 1771., истиот тој Гете со восхитување го беше открил постоењето на специфично германските уметност и книжевност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Огнот беше откриен, побезболно и попросто отколку што очекуваше тој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Воопшто не се изненади. Дури ми се пристори дека од мене очекувала вакво нешто.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Порано, кога и го бев открил на мајка ми моево умеење да дружам со луѓето за кои размислувам, таа само се изнасмеа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Чана како да беше откриена во нешто што не треба никој да го знае, ѝ се рашета крвта по лицето, очите ѝ затрепкаа, а од устата иако се отвораше и затвораше, не излезе глас.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Посакував да ја понижам а всушност ја бев открил и промовирал нејзината посебност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И денес сметам дека токму тогаш кога посакав да ја понижам спомнувајќи го трезорот всушност постигнав сосема спротивен ефект.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или, ја беше открил патеката по која поминуваше онаа моја помисла дека си пречат стаклената масичка, големиот црвен трон и истрошеноста на насмевката на писателот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веднаш испратија двајца војници в село да донесат копачи, и уште во истиот ден до ужина каналот беше откриен и водата секна во тврдината.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тука, уште порано беше открил една напуштена стерна, длабоко, темна неизвесна. Се доближуваше до неа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А стигнаа до триста илјади. Гробовите на невините жртви никогаш не беа откриени.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
НА ПЛЕТВАР
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Остана во рововите на Плетвар што ги копале Германците.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Потоа повторно се вративме на плетварските карпи, таму позициите ни беа откриени, па изутрината продолживме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ние отстапувавме зашто бевме откриени од Германецот што ни помогна, тој што ни рече дека бил доктор.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)