бев (гл.) - одбие (гл.)

Ако ја бара грешката, таа потекнува отаде што цртежите не беа одбиени на време, дури учителот уште не им соопштил на децата кои работи се примени за изложбата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тогаш беше изработен всушност таканаречениот „Закон за европските вилаети”, кој, меѓутоа, беше одбиен од султанот, па тоа одбивање после беше прифатено и од самите големи држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И се потсети на својата дневна заповед што ја испрати кога Клефтис беше одбиен и одново се најде во рацете на 105-та бригада на ДАГ: “Преземањето на Клефтис не исполнува со ентузијазам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но и тој ме беше одбил како, божем, не сме доволно блиски за такви семејни средби.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тој беше одби­ван и барањето не беше исполнувано во текот на педесет години.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
7 Во декември 2010, Врховниот суд (во совет составен од судиите: С. Алиу – претседател, К. Здравев, В. Атанасов, д-р М. Ристова и С. Трајчовска – членови на советот), одлучувајќи по ревизијата на Ѓорѓиевски, донесе пресуда во трет и последен степен, со која ревизијата беше усвоена, а пресудите на првостепениот и второстепениот суд, преиначени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така, тужбеното барање на Ѓорѓиевски е усвоено и дефинитивно е одлучено во негова полза, со што: а) се поништи одлуката на генералниот директор на Шеќераната за давање отказ на договорот за вработување на Ѓорѓиевски, поради наводно кршење на работниот ред и дисциплина, како и одлуката на УО на фабриката, со која приговорот на Ѓорѓиевски беше одбиен како неоснован; б) се задолжи Шеќераната да го врати Ѓорѓиевски на работа со сите права од работен однос, на работно место кое одговара на неговата стручна спрема, како и да му ги надомести парничните трошоци од 33.660 МКД (550 ЕУР), сѐ во рок од осум дена од приемот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во април се одржа второто рочиште на кое, по барање од судечкиот судија да се достави доказ за писмен отказ, тужената страна достави само обична е-порака испратена од координаторот (надредениот) до претседателот на организацијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На ова реагираше и самиот судија и на тужениот работодавач му предочи дека „недоставувањето на писмено соопштение за отказ е прекршок кој се казнува со закон“.6 Исто така, на ова рочиште, од страна на судијата беа одбиени и некои други предложени, а неиздржани „докази“7 – како што се некои извештаи за работа, прегледи и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па така, еден поодамнешен предлог да му се купи на старецот будилниче, какво што дома, в село веќе со години постоеше, беше одбиен и заборавен засекогаш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Испрати тајно свои претставници во СССР со амин на Брежњев, да им ги пренесат тајните на мумификацијата на Ленин и Сталин. Му беше одбиена бесмртноста.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше одбиен од Советите. Не сакаа да ги откријат кремљските тајни.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакаше да остане жив и по смртта, да продолжи неговиот култ на владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Првобитно предложениот кружен облик на зградата, замислен по концептот “друштвеност”, беше одбиен од администрацијата и од другите задолжени со образложение дека сме “отишле предалеку”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нападот беше одбиен јуначки и храбро.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)