бев (гл.) - обземе (гл.)

За миг беше обземен од халуцинацијата дека таа е присутна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој не можеше да не го запраша Татко: Дали имало во историјата слична заедница меѓу христијаните, муслиманите и Евреите?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој беше обземен со синдромот да ја има книгата, секоја книга која го пленеше сакаше да ја види, да ја поседува, додека читањето го одложуваше за други времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Работејќи со Татко на османскотурските заемки тој утврди дека доминантниот број заемки преку турскиот јазик се од арапско и не е мал бројот на тие од персиско потекло.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татковиот пријател беше обземен од прашањето: како христијаните, Евреите и муслиманите можеле да живеат заедно, дури во иста политичка заедница во меѓусебна толеранција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше обземен од мислата за арапско-османскиот континуитет преку исламската линија и неговите сведоштва во балканската меморија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во текот на целиот живот беше обземен од идејата да ја напише книгата, или да ни го остави во наследство ракописот за Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, онаа меѓу вас што ширум ми ги отвори портите на својот дом и ме прими во него со чисто срце, ме разбуди од дремката што ме беше обзела.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Одушевувањето што ги беше обземало беше дословно одушевување над таа празнина врз која хегемонијата сѐ уште не ја беше преземал ни еден позитивен идеолошки проект.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бев обземен уште во раната младост, според некои мои генерациски другари, од наивниот идеализам да верувам премногу во човекот Зарем не се вели, со право, дека дипломатијата е уметност на невозможното?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше обземен од дилемата на својот живот: како да најде излез од кругот на утопијата, југословенската комунистичка утопија, која дотогаш убаво функционираше и му го осмислуваше животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да, Чанга навистина беше обземен од речиси мистичната историја на Калето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И јас бев обземен со својот дел од колективната катарза.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во постелата лежеше три дена, а потоа беше обземен од ужасот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)