бев (гл.) - обележи (гл.)

Запали и одново долго гледаше на иззабената крива црвена линија и на црвениот круг со кој беше обележан Клефтис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Овие балкански писатели, кои се прославија во светот, суверено излегуваа од хоризонтите на пристрасните национални историографии, трагаа по исчезнатото османско време, кое не беше обележано како европското, со духовните, културни, уметнички и филозофски векови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Полковниците одеа по кметот и учителот и се загледуваа во оние куќи кои беа обележани со црни знаци - чумини точки останати од времето на војните кога се обележуваа заразените куќи од чума.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Со големи стрелки на мапата во него ги беше обележал Лојане, Црн Врв, Вејце, Вешала и Бозовце.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Беа обележани само петтинките од секундарникот,кои најтенката стрелка нечујно ги допираше. 15-20-25-30...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На „Olimpikus“, иако отпорен на вода, веќе му се излупија бројките за минути.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој ден обично беше обележен со драгата жетварска песна, со преполни гради од надежи и со ручеци што се паметат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се разбира, овој значаен настан беше обележан на посебен начин.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таму, во големата сала, еден дојденец, за кого не сум сигурна колку беше Козак, почна да аплаудира како споулавен кога беше соопштена веста за раѓањето на наследникот на Иван Степанович.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тука беше обележан вистинскиот пат на јагулите, најубавиот и најнеизвесниот пат на планетата Земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Животот на Мајка беше обележан од постојаниот двоен недостиг: на нејзината реална мајка и на нејзината реална татковина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И почетокот и крајот од животот на Мајка, како и неговиот тек, беа речиси исти – сѐ беше обележано со нејзината лична трагика којашто ја поднесуваше и ја потиснуваше длабоко во себе без, притоа, ни најмалку да ги беспокои сите околу себе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ги собра и другите предмети останати од него: лулата, чешелот за косата, малото чешле за мустаќите и густите веѓи, игли и конци за везење, влечките, географската карта на која беа обележани земјите и местата каде што ги поминал - и сѐ спика во ковчеџето да не ги гледа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)