бев (гл.) - најде (гл.)

Ете тогаш, кога жителите на Потковица и на околните села ја нападнаа железничката станица, беше нашле една фотографија од Тањушка, во позлатена рамка, и дали од простотилак или од пакост и на подбишега, зашто го мразеа татко ѝ, за божем дека бил посрбен, ја прогласија девојката за светица и со нејзината фотографија напред носеа покрсти - одеа низ полето и молеа бога да падне дожд, за да ги наквасел полињата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За оваа фактичка состојба С. С. смета дека сето тоа е смислено направено – бидејќи, во тоа време на промена на власта, постоеше партиска нетрпеливост и очигледна недоверба кон оние кои беа од „спротивниот табор“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, во оваа несреќна ситуација, не се беше нашол само С. С., туку напротив – повеќе негови колеги, ја делеа истата судбина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По кожарот во авлијата влезе Керим Есад, аџија и ајан од Љуботен на Карадаг, кој се беше нашол во чаршијата, та ја чул веста за турчењето на ибн Пајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А дедо беше нашол еден бугарски шлем, па до пред некое време во него им дробевме на кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Приближало времето пак за кај нас да идат штрковите и тогај веќе Силјан беше се сторил мукает, та беше нашол едно малечко црпче и си го наполнил со од човечката вода и го врзал на гуша кога дошол денот за да кинисаат за кај нас да идат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Силјан, дека го носел црпчето на гуша, многу му помогнало да се плашат орлите од него, беше нашол една пештера и тамо беше се засолнал дури се свршил џенгот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Си помисли да стане, но си беше нашол удобна, иако малку смешна позиција и не беше спремен, дури ни за Ренди, да ја претрпи неизбежната болка за да се крене на нозе.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Па си реков.... - се задави од првата семка, од еврејските, што за последен пат ги беше нашол во Велес, во една леблебиџилница под мостот. Или под јаворот?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И така џенгот се свршил и штркоите наттепале, та си отвориле пат и си се упатиле за кај нас.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Арно ама ќелешот не беше нашол друго да врзит, ами сам беше се врзал и ја занишал ортомата да го истргаат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Силјан беше нашол една пештера и тамо беше се засолнил дури се свршил џенгот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Како што првиот пат што идоа, така и тогај беа си долетале на нашата земја.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Приближило времето пак за кај нас да идат штркојте и тогај веќе Силјан беше се сторил мукает, та беше нашол едно малечко црпче и си го наполнил со од човечката вода и го врзал на гуша, кога дошол дено за да кинисаат за кај нас да идат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Потоа дојде полицијата. Во џебот на прегазениот беше најдено писмо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сите овие сомненија како да ги беше веќе оставил зад себе бидејќи беше нашол начин да ги сподели!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)