бев (гл.) - начне (гл.)

Тагата сѐ повеќе се таложеше во крчмата. Секој поинаку беше начнат од неа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не се стеснуваше со него да зборува нашински; потоа, офицерот речиси не знаеше да ветува; ништо не тврдеше; а и вербата негова во некоја божемна праведност одамна беше начната.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој ибн Бајко, цврст и полничок, ама и сплескан како некој тежок туч уште од малена да го приземјил, малечок и нагнетен како колбас од потонот на игуменот, куцкаше од тој пусти туч секогаш со главата надесно, а со телото налево, зашто колкот му беше начнат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пред него се исправи брест со стиснати тупаници. беше начнат во коренот, без сокови, со две капки смрт во зениците.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)