бев (гл.) - научи (гл.)

Тој слушал неколку години црквена служба во манастирот и покрај молитвтите што ги беше научил напамет му остана како зборче она „паки, паки“ што го повторуваат поповите толкупати во црквата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Толе ги беше научил луѓето од својот „пашалук" слепо да ги исполнуваат неговите наредби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа влезе како ништо да не било и застана до вратата со „бујрум бег“. (Адем го беше научил како да го ословува кога ќе влезе).
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И чекаше да се осамне за да тргне со самиот домаќин Тодора Чачев со двете маски и магарето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но бев научил како да го сокријам тоа чувство. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Филмови, драми и сѐ друго.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
2. Тодора беше едно азган чедо. Родена најмала, меѓу девет сестри и еден брат, го правеше последниот детски џумбус низ куќата, и баш во време кога сите домашни беа научиле тоа да го трпат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се гледаше дека Денко за ова време, откако беше дојден во планинава, беше научил многу.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа сметала дека е ослободена и од потребата некому да му се заблагодарува за она што се случило поттикнато од нејзината желба. Нејзина одлука, нејзино право!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Животот веројатно ја беше научил умешно да ја следи патеката на своите намери.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го превртувавме месото на жарот со долги, зашилени ветки, бавно, секој со исчекување дека некој прв ќе почне да јаде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бевме научени на изварка, на суви пиперки, на кромид.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што значи да загубиш еден коњ?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Трубадурот остана на ранчот. Тука имаше мир, тишина и почит, какви што немаше најдено во бучните кампови на кралевите на добитокот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Потоа пристигна уште еден гостин, еден фармер по име Џон Биро, еден Асирец кој поради осаменоста беше научил да зборува ерменски.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Многу од песните што ги пееше беа чудни, меланхолични, „канцони“ со ниски тонови коишто ги беше научил од мексиканските овчари и „фармери“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Животот ја беше научил Мајка да верува дека човечката среќа е составена од повеќе делови и дека нејзе секогаш ќе ѝ недостига еден дел, понекогаш можеби битниот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)