бев (гл.) - направи (гл.)

Бидејќи сите овие подготовки беа направени кај свадбарите навреме, затоа ги видовме на сретсело да одат по невестите и, ене ги, веќе стигнаа пред портата на Рожденката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Турците качаци ова добро им дојде и не еднаш се оправда Јашар од Рувци и Шефкија пред валијата во Битола за извесни злочини што ги беа направиле овие крволочници, дека тие се направени меѓу самите христијани што се колат меѓу себе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сето ова беше направило од овој Турчин културен човек, и тој како таков се покажа во Полчишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пријателот ми беше направил чест, па пред да дојдам во Охрид заедно го прославивме мојот дваесет и трети роденден и ме почести со најновиот „Џеј Ло“ парфем.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сето тоа беше направено по идејата на Јана, поголем дел од нејзините раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како да беше направило седало во нејзината душа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еден коњ, дали од студ, дали од глад, си ги беше изгризал градите, си беше направил дупка преку која си го гризнал срцето и го иззобал како смрзната пченка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Уште го болеа рацете, а на две места му се беа направиле плускавци.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ја изведов точката беспрекорно; на еден необично, гротескно висок кревет, што го бевме направиле специјално за таа намена, лежеа, во прегратка Луција и Земанек, а јас со скалата, потпрена на ништо, во воздух, се обидував да се качам и да видам што прават; јас бев, наводно, глупавиот сопруг на Луција, а Земанек нејзиниот љубовник. Луција П беше Петрунела.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Телото му беше направено од црн бисер, а нозете од златни нишки.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не можеше да добие диплома, да матурира; на разговорот со директорот беше дрзок, и на овој му попуштија нервите, оти во есејот Лудвик беше направил некои неумесни асоцијации и за него, и за неверството на неговата прва жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Несреќата и тешкотиите со кои тој мораше да се среќава секој ден беа направиле од него цврсто и работливо дете.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Така и Марко, не знаејќи колку му е сличен, седнуваше на привечер, пред да го замандали дуќанот во Скопје, седнуваше сам крај своите ибрици и синии што ги беше направил, покроце и на јаваш да прими малку од огревањето на нивниот матен сјај.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Да пробам со пилата, - си рече, па ја откачи од ѕидот, каде што секогаш стоеше закачена, и почна да пили во засекот што го беше направил со секирата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Крв до колена беше направиле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Со прво беше направил еден крст на едно дрво, од некое суво дрвце, за да го познава местото, чунки ќе одел како внатре во адата, за да види што има и што нема, да ако нема некоја трага од човека, пак сакал да се врати назад кај изворот за да поживее тамо со емишот што бил на дрвата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ги испреврте сите кантички наопаку да им истече сета боја на подот, ги шутна ќупчината со четки и шпахли да се скршат на парчиња, а овие да се растурат како чкорчиња од фрлен кибрит, го истури терпентинот по сопствените стапки или стапалки што се ширеа од ногалките низ ателјето, како бранови што се губат од потонатиот камен, лежеше на тврдиот миндер покрај голата софра и ѕуреше во колското тркало, од кое беше направил солунски лустер, а сега висеше само како колено од скршена кола.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сите беа направиле и отишле кај аџи - мачор.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Повторно беа направиле еден мезлич и се нашло за мунасип, да излезат сите глувци и стаори пред аџи - мачора, да му даат проштење, ама секој глушец да напраит по една посна манџа, како за поклон да прилега и да му однесит на аџијата, за да му честитат аџилакот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Од танките гранчиња гулабот си беше направил седело.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се прикажува дури и дека некој си титуларен советник, кога го беа направиле управник на некоја си одделна неголема канцеларија, веднаш си преградил посебна одаја, наречувајќи ја „биро“ и поставувајќи покрај врата некакви вратари со црвени јаки, со ширити, кои се фаќаа за кваката и ја отвораа пред секој што ќе дојдеше, иако тоа „биро“ одвај да можеше да собере една обична маса за пишување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дупката што ја продупчи бомбата, не беше голема. Ама беше направила кијамет во визбата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа одамна не го беше направил пред нас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)