бев (гл.) - наметне (гл.)

Додека работевте кај Форд, дали имавте впечаток дека начинот на живот кој таму им беше наметнат на работниците може да ги засили менталните пореметувања? О, никако. Не.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во периодот 2010-2014 година преку законите кои претходно не беа анализирани во студијата дојде до следните две поважни намалувања на правата на работниците во однос на остварувањето на правото на штрајк: прво, на припадниците на судската полиција им беше наметната обврска да штрајкуваат на начин на кој, меѓу другото, нема да се нарушува редовното извршување на работата, а со што фактички дојде до негирање на нивното право на штрајк и, второ, во основните и средните училишта директорите беа овластени, за време на штрајкот, да обезбедат замена на вработените кои штрајкуваат.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Како своја олеснителна околност на постапкава го сметав и фактот дека фајтерскиот пристап ми беше наметнат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)