бев (гл.) - навлече (гл.)

Пет дена остана заглавен во лифтот во времето кога многу беше навлечен на дрога, и претрпе делириум тременс кога патуваше на еден брод како слеп патник сокриен во еден куфер.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зошто два?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во темните соби вчас ќе заиграа фантомски сенки, таму каде што завесите сѐ уште не беа навлечени.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Јана беше прилегната на другиот крај од софата и немаше да ја забележам ако не ми паднеше в очи нејзиното арогантно однесување; госпоѓата воопшто не ме забележуваше ниту пак беше изненадена од моето присуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)