бев (гл.) - исчезне (гл.)

Одамна беше исчезнал и сонот, од времето на сталинизмот, да го следи патот на јагулите кон Америка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сета борбеност беше исчезнала од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
V Сајм беше исчезнал. Дојде едно утро, а тој не се појави на работа: неколкумина непромислени го прокоментираа неговото отсуство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога се врати назад, мајка му беше исчезнала.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во мислите, оваа ноќ, сеќавањата на миговите од неговиот живот му беа зачувани како живи, како вакуумирани во некој вонвременски простор или длабоко смрзнати од студенилото на зимата, а годините што ги минал во тој живот беа исчезнале без траг.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Човекот веќе беше исчезнал, а градскиот часовник покажуваше пет и дваесет.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Од нив сега наеднаш беше исчезнато сѐ друго, беше еден судбински миг кога беа само со овој човек пред себе и тоа беше едно такво чувство, цело, како јаболко, а беше и некаква измореност, која израснува во задоволство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А нели, знаеме, братучедот Благоја божем беше исчезнал таму негде горе, во планината, и тоа уште во текот на војната (сè ова веќе е речено) а исчезнувањето на Пеперутката, се случува вчера и тоа можеби рано наутро пред да зазори.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А кога се сети и киниса во потрага по него, тој беше исчезнал.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Чанга го немаше. Сигурно беше исчезнал со козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И додека кај Татко можеше да се рече дека, конечно, беше исчезнал митот за враќањето и за пресметката со границата, кај Мајка тој мит постојано се зацврстуваше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега тој велеше добра ноќ, добра ноќ. Сега тој беше исчезнал, чекорејќи назад по брегот кон југ.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Беше исчезната. Накрај, очаен ја повикав нејзината роднина во Лачмонт.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја сретнав еднаш - таа беше едноставна, опуштена девојка со нездрав изглед кај која работата со гените тргнала наопаку за разлика од расцутената Бреда - едвај смислив што да ѝ кажам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Измислив приказна за мајка ѝ која умира во Феникс, за работата што пропаѓа, дека пијам премногу и размислувам за самоубиство, уништување и судниот ден, и дека морам да разговарам со Бреда уште еднаш пред крајот, и дали таа случајно знае каде е.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)