бев (гл.) - измори (гл.)

Воопшто не ми се спиеше иако бев изморен од претпладневното шетање низ Бит-пазар и Стара чаршија.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Беше изморен, изнененаден, непријатно се чувствуваше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Беа изморени, па и времето брзо си помина, Томе го заврши состанокот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не се чувствуваше најдобро. Беше изморен од претераното напрегање, на грбот го чувствуваше студенилото од кошулата натопена со пот, а и нозете му беа мокри од снегот што му се истопи по чорапите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Престануваше да се брани од комарци и се притајуваше, беше изморен од нејзината несоница и ненаситност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сликарот беше изморен, но задоволен од сместувањето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)