бев (гл.) - извлече (гл.)

- Ах ние жените, зошто сме создадени волку слаби и беспомошни - шепотеше Анастасија додека удараше по перницата, иако, одамна ја беше извлекла од под навлаката и последната прашинка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мајка го беше извлекла во својот живот заедничкиот корен од балканските и од медитеранските јазици допирајќи до нивните заеднички корени на молкот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не бев сигурен од кои мои зборови го беше извлекол својот последен заклучок, но Стариот писател, одобрувајќи со главата, неочекувано констатира: - Значи сепак вие верувате.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од некој агол на своето сеќавање тој беше извлекол уште неколку стихови од заборавени песнички.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)