бев (гл.) - извади (гл.)

Сајм беше извадил една лента хартија на која беше испишана долга колона зборови и сега ги проучуваше со хемиско пенкало во раката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Скрпениот клавир и понатаму одигра неколку улоги во нашите проекти, на пример во Црвената вечера, потоа служеше како барикада пред Вратата 1984, од каде што Lazer го истурка, за да го ослободи влезот - два дена пред тоа му беше изваден гипсот од раката. (...) Напоредно со размената на тематски писма со Monty Cantsin, успешно се одвиваше и мојата активност на планот на истражување на уметнички псевдоними.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Најмногу му се допаѓаше тресената риба од која беа извадени сите коски.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И изгледаше многу покорно, иако знаеше дека таквото кажување ќе ја трефне, оти беше извадено од една црковна книга во Свети Ѓорѓија - Горг што ја беше читал.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше извадил некакви крпи од долапот, ги истресе кај вратата а потоа ги однесе до главата на Таша, во нишата во која се наоѓаше отворениот прозорец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа излезе за момент во тремот и донесе празна саксија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
6. Преградените простории во бараките, некогаш што биле спални, сега беа претворени во ателјеа; со тоа што дрвените легла на катови беа извадени, а на нивно место се отвори простор за долгата тезга со алат, за грнчарско колце на ножен погон и за купот глина во аголот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој беше виновникот, тој беше одделен, беше изваден настрана од сите нас во едно ќоше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ги минував тие денови во некаква збунетост над сознанието дека не можам да почувствувам болка; како заедно со плодот од мене да беше изваден и оној дел од мојата душа кој можеше да страда.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога мајка се врати од бања, ја забележа крвавата трага на ѕидот до мојот кревет, но не праша ништо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Видов дека разбојот беше изваден, немав што да правам, толку тешко ми падна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)