бев (гл.) - избега (гл.)

Од таков систем, социјализмот одамна веќе беше избегал, како изгорен од пламени јазици, кои само што се зададоа од подотворената уста на капиталистичката демократија, ги натераа на бегство и младите од својата сакана земја Македонија.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Директорот на Институтот, Георгиев, во Јужната Републиката, си ја откриваше својата изворна татковина, по повеќегодишниот егзил на исток, а Татко беше избегал од својата татковина и се наоѓаше во егзил во новата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сега беше избеган и беше радосен од тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стојан, кој го удираше постојано железото за пајдос, сега беше избеган некаде долу меѓу купиштата тули.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Силјан асли тоа бараше за да го пука татка си и мајка си кога ќе чујат оти од Прилеп беше избегал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се удрил со дуовникот и Силјан на пазар; вур, тут, беше ујдисале поштозашто и утрото тргнале по виљает да просат милостиње за на Божигроб.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Силјан асли тоа бараше, за да го пука татка си и мајка си, кога ќе чујат оти и од Прилеп беше избегал.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ном, син му на Танаил, отрча со пушка кај Анко, но Анко беше избеган од дома.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)