бев (гл.) - застане (гл.)

Уште пајтонџијата не ги беше застанал сосема коњите, пајтонот го заобиколи цел обрач луѓе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој беше застанал затоа што се исплаши.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Братучедите со бавно, бавно вртење на главите како што беа застанати, скоро не дишејќи, се свртеа еден кон друг, вчудоневидено се погледнаа со ококоравени очи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Погледот ми го плени главата на еден бункер која беше излезена од морето, а врз неа беше застанат бел галеб.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го видов Перета Катин. И тој беше застанал и гледаше во мене. „Вода“, викнав. „Се врати водата!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Ааа... Та не оди пустиот“, рече Најдо од местото на нагорнината каде што беше застанат да собере душа, како што би рекле во Брезница.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега беше застанат и ја разгледуваше својата собичка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега беше застанат над таа длабоко вкопана бразда и знаеше дека тука поминал еден од оние сами диви вепрови, еден таков самјак, каков што може само да се сонува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури кога беше застанат над леглото, завивањето во мускулите се престори во сосема одредена болка, вистинита и остра.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лекарот беше застанал зад работната маса. Како да ја очекуваше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Можеби затоа не сфати веднаш, дека некој млад човек на мотор беше застанал токму пред неа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Како продавач на јајца, на овдешниот, маалски пазар, беше застанат овој човек, (сам и еден, а небаре двајца) крупен, строен беше Лазар.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Вратата се отвори и кога тој сакаше да пречекори, оној младич што беше застанат на спротивната страна на тротоарот се појави пред него со устата набрана како да потсвирнува и со погледот полн иронија.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Проклет да бидам, и земјата и водата мируваа, дури и воздухот беше застанат и нем.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Вратата се отвори, и кога тој сакаше да пречекори, оној младич што беше застанат на спротивната страна на тротоарот се појави пред него со устата набрана како да потсвирнува и со погледот полн со иронија.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тие тројцата беа застанати покрај отворениот прозорец на нивното купѐ, ние четирите стоевме на перонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми го држеше своето кученце во рацете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во него се таеше нешто што предизвикуваше сожалување, така што еден млад човек, тукушто вработен, наеднаш беше застанал небаре пронижен и оттогаш сè како да се беше изменило пред него и како да се покажало со друго лице.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Гледаше сега непосредно под себе, кон плочникот од куќата над која беше застанат, направо во луѓето што поминуваа и нивните фигури му се чинеа уште посмалени, како прилепени кон земјата, сѐ додека не изминеа малку и не ја покажеа постапно својата исправена положба.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Него, сигурно, никој не го забележуваше така затскриен зад железата од рекламата, зашто никој не го подигаше погледот во ова запурничаво попладне кога сѐ уште блештеше отсјајот од силното сонце.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И така, човекот можеше да си гледа колку сака и да стои над понорот од улицата невиден од никого.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)