бев (гл.) - засолне (гл.)

Но јас бев засолнет. Не од тие што го одведоа. Од многуте љубопитни жени и деца.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не се појавуваше, а беше засолнет зад некое стебло или зад некоја длабнатина од која ме следеше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но јас бев засолнет.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Оние од Сатока што останаа живи не се вратија веќе во изгореното и испустено селце; но останаа во долот каде што беа засолнети од опасноста и го нарекоа своето ново село Бежиште – куртулиште.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Бевме засолнети со Загорка Пеперутката во тремот на пералната и го слушавме врнењето на дождот кога се појавија иако пред тоа ниту во еден момент не бев помислил на нив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Набргу како југословенски амбасадор во земјата на Хабиб Бургиба, во која беше засолнет Јасер Арафат, по напуштањето на Египет и Либан кога го призна Израел, Југославија имаше повеќе пријатели надвор од нејзините граници отколку на нејзините граници.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сенката во која беа засолнети беше како остров среде море сомнителности.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)