бев (гл.) - замисли (гл.)

Капата беше навистина онаа што си ја бев замислил.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со енергијата што му преостануваше, ги читаше своите книги, според последниот распоред што си го беше замислил за до крајот од животот, а за кој никој не знаеше, освен Мајка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Речиси исто толку нагло како што си беше замислил, таа ги тргна алиштата од себе, а кога ги отфрли настрана, го стори тоа со истото она прекрасно движење како да беше отфрлена цела една цивилизација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- А од каде си? - Од Кукуш, господине директоре! - одговори Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Знаете, господине директоре, - почна Гоце да се извлекува, - нешто се бев замислил.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Најпрвин беше замислила еден сосема класичен и глупав почеток: директорот на училиштето да им се обрати на учениците и родителите со свој говор (сите знаевме дека тоа е неверојатна глупост, оти Фисот не знаеше да срочи повеќе од два збора на хартија, и тоа под услов да бидат напишани во два различни реда; тој имаше страст за решавање крстозбори и анаграми и сите имавме впечаток дека допрва ги учи зборовите како средство за изразување).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, на ова, другарот Чапаев не обрнуваше посебно внимание, ја водеше седницата како што си ја беше замислил, без никакво отстапување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко добро ги беше замислил и разработил обете варијанти и, на крајот, сепак се одлучи за бегство низ Езерото, ноќе, кога граничните стражи од обата брега се помалку внимателни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)