бев (гл.) - заклучи (гл.)

Маргина 36 59 Болничкиот автомобил, така беше наредил, треба да се вози по патот навака-натака; беше заклучил дека му годи неговиот звук: беше толку далечен, беше тоа како некогаш, заминување во непознат град.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Вратата беше заклучена однадвор а клучот изваден.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Шкафчерто каде што беше скриен локумот секогаш беше зааклучено, а клучот потоната во длабоките џепови од бечвите на дедо.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Всушност бев заклучил дека приказната на Б.С. нуди две објаснувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се трудев да ѝ ја објаснам мојата положба, непријатностите со сенките, мислам дека го спомнав и недоветното будалесто смеење на Јана, на твојата пријателка Јана, (токму така ѝ реков), но Катерина се преправаше дека ниту нешто слушнала, ниту нешто видела; (постојат такви моменти кога мојата Катерина в очи ми се руга, а лицето ѝ е невино, невино, како на палаво годиначе кое тукушто проодило), а притоа сепак, најприсутно барем во моите размисли беше она нејзино одречување, дури и спротивставување (како сум смеел да си претпоставувам дека таа дружи со сенки, а посебно со сенката на некоја Јана), а посебно ме изненади нејзината забелешка дека неа никогаш не ја интересирале русокосите фолиранки, и наеднаш ме заплисна некоја заедничка смеа, смеењето на двете жени, на Јана и на Катерина, кои како сенки се оддалечуваа по некоја спирална скала, а јас (тоа беше навистина за чудење) открив дека се наоѓам во ходникот, дека сум седнат на бетонот, и тоа пред врата што веројатно беше нашата, а притоа вратата беше заклучана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Освен тоа, мајката Перса пред некој ден донесе единичен железен кревет со миндерче само за Пела, рече Не е ред оваа голема мома која ќе заоди на училиште да спие со мајка си! и беше заклучено со денот на заодувањето на училиште таа да спие во своето креветче од месингани цевчиња што светеа како злато.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од проучувањата на империите на Балканот, беше заклучил дека секогаш кога на нивниот врв ќе се најдел император- јаничар, тој секогаш, сакајќи да ја докаже величината на своја­та изместена душа, бил готов да ја одржува илузијата на победата по цена на поразите на другите, но и на своите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие беа заклучени, но мене ми отворија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Жената ме молеше да им речам на борците да не кршат повеќе ореви, а јас ѝ реков: Бабо, не грижи се, сега ќе им речам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
По посетата на селото беше заклучил дека благодарејќи на Маре и лично ги беше запознал цврстите жени. Тие и вистински постоеја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Паметам дека тогаш бев заклучил оти само слабаците не се прекоруваат себеси поради несреќата што ќе ги снајде нивните блиски.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Овде, во нашиов проколнат свет, кој не може да се нарече сигурно и здраво место, луѓето се безбедни само во сонот, одамна беше заклучил тој.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Одамна беше заклучил дека во сонот луѓето заминуваат по некои свои посебни патишта а без да се сигурни каде, па зошто тогаш и тој да не посака да го слушне тоа од Јана?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)