бев (гл.) - забрани (гл.)

Кога дознаа од управата за какви бесмислици го користиме времето, дека тетратката во рацете само за маска ја држиме, веднаш беше забрането шетањето крај ѕидот, а секој оној што ќе се обидеше повторно да го мери беше најстрого казнуван.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На ранетите им беше забрането да излегуваат на палубата во текот на пловењето низ Гибралтар и за време на краткото задржување во Копенхаген.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Деновите не ги броев, ми беше забрането.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И неговото кажување ја следеше шемата на К.К.: - Со декретот од 22 ноември 1967 нашата земја се прогласи и официјално за прва атеистичка земја во светот и во историјата на човештвото и со Уставот беше забрането секакво верско изразување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)