бев (гл.) - живне (гл.)

5. Вечерта на свадбата Соколе се напи малку повеќе вино одошто си ја знаеше мерата. Беше живнат. Околу десет саатот се враќаа со Спасија дома.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сиот беше живнат, озарен, како да сакаше, со својата беседа, да надомести што не ја заврши својата Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)