бев (гл.) - допре (гл.)

Во првите седум акции што беа успешно изведени Раде не беше допрен ни со едно зрно, но во осмата и деветта спечели дури четири рани со кои, заедно со претходните четири, спечелени во комитлакот, опасно ѝ се приближи на десетата, што гатачката веќе му ја имаше проречено како последна и кобна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Татко знаеше за блискоста на другарот Чапаев со директорот Георгиев, па не му беше тешко да открие од каде беа допреле, дури до Судот, тајните за неговите проекти.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И тој го сожалуваше него поради тоа што не беше допрен од алхемијата која предизвика ова чудо да се случи во него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Последната голема пропаст, навестена од Кинг Џејмс, уште дотолку го сруши.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Муабетите за промената на стариот ред беа допреле до него и претходно. Крајот на Слободните Пасишта се наближуваше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мачорот повторно испушти тажно мјаукање, полно со чудење што доаѓаше од некоја забавена лутина, што избиваше длабоко од него, каде што припитомувањето сѐ уште не беше допрело, а можеби ни по милион години нема да допре дотаму.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)