бев (гл.) - голтне (гл.)

Иако сѐ уште слободен, доктор Миха се чуствуваше не само со врзани раце туку и со оковани нозе, па и јазикот му беше голтнат, така што не можеше ни збор да зборне а не пак нешто да смисли со главата што си ја носеше како празна тиква на гнила тараба.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Последните сокови од занесот на Русите, и со тоа и надежите на Македонците на Русија, беа голтнати од Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како да го беше голтнал мракот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)