бев (гл.) - впери (гл.)

Но, оваа не се подготвуваше да полета, туку леташе, изгледаше како да лета високо во небото, а клунот, жолт и блескав, ѝ беше вперен нагоре, кон сонцето што не се гледаше, но мене ми се причини дека е тука некаде, блиску над неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Тој куршум беше вперен во срцето на нашите чувства, а се распрсна срцето на твојот брат моја Сања,“ ѝ пишуваше Авни на девојката која остана во неговите сеќавања со широко отворени очи во триаголникот што со необично прави линии го формираше шамијата завиена околу нејзината глава.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но имаше многу добро мислење за него, поради погледот што секогаш заинтересирано беше вперен кон учителот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
На ова никој и не обрнуваше внимание затоа што сите погледи беа вперени кон лаптопоите и новите статуси на фејсбук.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Така, во еден момент Винстоновата омраза воопшто не беше вперена кон Голдштајн туку напротив, кон Големиот Брат, кон Партијата и кон Полицијата на мислите; во таквите моменти неговото срце полетуваше кон осамениот, исмеан еретик на екранот, единствениот чувар на вистината и на разумот во светот на лагите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој ѝ го гребеше поработ на здолницата, телото му беше мрзливо истегнато, а жолтозелените очи му беа вперени во неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)