бев (гл.) - воспостави (гл.)

Ги ставивме мобилните во функција и контактот беше воспоставен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
ЗАПАДНИОТ МОДЕРНИЗАМ исто така го задржа лингвистичкиот код што беше воспоставен за време на утописката фаза.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И конечно вистинскиот јазик беше воспоставен (Исто: New Week, Special Issue, Our Amerika ”A Self Portrait”, 4 Јули 1976 год.).
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше комунизам, па тогаш за право не беше воспоставен овој континуитет на празници од 31 декември, па до кај деветнаесети јануари.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во еден таков контекст, машката геј-култура, онака како што беше воспоставена, личеше на само редица стереотипи – и тоа хомофобични – иако премногу често, за жал, интернализирани и од самите геј-мажи. ‌И така, мораше да се преселам во Австралија, да се средам онаму со дечко двапати помлад од мене и самиот да минам низ сопствената геј-иницијација за да ги гледам за првпат, во 1990-тите, филмовине од 1930-тите и од 1940-тите што онолку ревносно ги избегнував во 1970-тите. (Излезе дека биле прилично добри.)
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И кога татко ми во Скопје, во куќата крај Вардар, ја формира својата нова библиотека, во семејството беше воспоставена нужната рамнотежа за да се истрае, за да бидеме малку среќни, татко ми беше како алхемичар на своите книги, го бараше од нив невозможното, како што сакаа алхемичарите да ја најдат формулата на производство на злато од песок.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Оваа граница со променлива судбина првпат беше воспоставена кога Албанија се прогласи за независна држава во 1912 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Радио-врската беше воспоставена дури по настанот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Добрососедските односи набргу беа воспоставени. И повеќе од тоа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)