бев (гл.) - воспитува (гл.)

Тие така беа воспитувани: колку повеќе неверници ќе погуби Турчин, толку поубаво место ќе добие од Мухамеда во рајот. Секој си одеше со својата сметка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таму тие посетуваа училиште и беа воспитувани на ред и дисциплина, иако ми се чинеше дека сите фрустрации што им се насобрале во текот на неделата негативно влиаеа врз нив, па кога доаѓаа дома беа многу агресивни и импусивни.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Таа беше воспитувана да биде фина дама.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Децата од друга страна, беа систематски насочувани против родителите и беа воспитувани да ги шпионираат и да ги поткажуваат за нивните застранувања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)