бев (гл.) - влезе (гл.)

Внатре беше полутемнина: пак (по вторпат тој ден) бевме влегле во некаков килер, во просторијата што служела за оставање непотребни нешта.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Оние што беа влезени на главната врата, од новинарството потоа одеа во политиката, низ дипломатијата, по факултетите - а тој остануваше во осиното гнездо на приземниот хумор, од кој се хранеше простиот свет.  Бројните соработници беа надворешни хонорарци, во прв ред хумористите собрани околу нивниот повремен весник, а потоа и различни дописници од земјата што се јавуваа со свои шеги и идеи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Почувствував дека морам да се шти­там, да издржам, да биде штетата помала кога веќе бев влегол во сталинистичката стапица.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се прашувавме што сме сега, но погледнувавме и во она што бевме, затоа што знаевме дека во човечкото суштество постојат сите негови слоеви, и низ неговата сегашност проблеснува сѐ она што некогаш било важно и не станало закржлавен остаток од минатото туку извор на светлина кој го оплеменува ликот; си го раскажувавме минатото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка ми го чувствуваше тоа, и сега нејзиниот поглед понекогаш ја губеше сигурноста, оној отров кој беше влегол во нишката помеѓу неа и мене веќе не го делевме подеднакво, туку одеше само кон неа, и беше пресилен само за неа, ја задушуваше во нејзината немоќ, ја задушуваше оној зрак среќа кој сѐ почесто ми го огреваше лицето, онаа нијанса на радост што ми го боеше гласот, секогаш кога заедно со брат ми ќе се вратевме дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме во оние години кога зборовите не се раѓаат од празно и не паѓаат во празно, во времето кога зборовите потекуваат од суштината на постоењето и, изговорени, таму се враќаат; бевме во годините на неискуството, кога уште не бевме влегле во смртно-сериозната тривијалност на животот, па можевме наивно да зборуваме за возвишените нешта, оние кои искуството ги отфрла затоа што се бесполезни и неупотребливи како што е неупотребливо парче небо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неколку дена пред тоа во станот на нашата сестра Роза беа влегле униформирани лица, и ѝ покажале документ на кој пишувало дека станот и сите предмети во него ѝ се одземаат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога правевме паузи меѓу читањата и одевме во дворот на библиотеката, брат ми ми кажуваше работи кои тешко можев да ги разберам, но сепак внимателно го слушав, бидејќи знаев колку му е важно некој да го сослуша, затоа што неговите пријатели беа посветени само на медицината, а тој сакаше нешто повеќе, тој сакаше да ги разоткрие тајните на човечкото суштество кои беа отаде анатомијата; Зигмунд беше уверен дека тоа растајнување би можело да се направи со вкрстување на разумот и чувствата, тој велеше дека и размислувањето, и чувствувањето се есенцијален дел од нас, и само при „соработката“ на тие два дела човекот може да се осознае самиот себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вителот во кој беше влегол му ги креваше восхитот и жедта за сликање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И за вистина, откоа му беше влегол студот од студениот камен во срце, ватило да го болит и гризит срцето многу.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Наместо глорификација на спортскиот дух, на слетот ѝ одававме почит на една метална прачка и на еден чичко кој беше влезен во филм forever young.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Овде беше влегол во јагнешка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Проклет да бидам, смртно ме исплаши таа глувост. Водата веќе беше влезена во мене, се колнам, таа беше голема, најголема.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
XIV Градинарот Раиз имаше кралско име, а служителски живот. Беше врсник на Бургиба, беше влезен во деветтата деценија на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И навистина, малиот жолтолик прислужник беше влегол без чукање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мирисот на нејзината коса, вкусот на нејзините усни, допирот на нејзината кожа како да беа влегле во него или во воздухот околу него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се стаписуваат од таквите слики на стутулени мочковци и серковци И не можат да се изначудат како тоа може да се случи и во Пентагон Во кој како што е познато има двојно повеќе нужници Бидејќи кога го граделе законот барал одвоени нужници за црнци и за белци Ама не била работата во нужниците туку во бешиките и дебелите црева При што не се исклучува однапред и можноста од некаква субверзија Оти баш кога пентагонци користеле по еден од двата нужника Еден хакер од Лондон им беше влегол во компјутерскиот систем Сакал човекот да си ја провери опседнатоста со вонземјаните
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Песната ја следеа, тивко ја прифаќаа и Игор Лозински и Цветан Горски. Среќата, никогаш со толку различни песни, со песни од двата брега на Езерото, не беше влегла во оваа куќа...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во родната земја Албанија не бев влегол уште од судната 1979 година, кога само овде во светот се славеше стогодишнината од раѓањето на Сталин.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Наближуваше пладне. Селото беше пусто, како чума да беше влегла во него и како да покосила сѐ живо.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се обѕирна околу себе, па иако тоа се чинеше смешно, нему му се пристори дека во празната просторија заедно со него беше влегла и зимата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Речиси сите списи од креденците и полиците се валкаа по паркетот а одвреме-навреме, на вратата од кабинетот на директорот или дури таму негде кај прозорецот низ кој пред малку беше влезен Величковски ќе се појавеше некое од божемните привиденија и со отсечен глас ќе објавеше дека во Секретаријатот сѐ е чисто, или, дека во Архивата ниту еден лист не е веќе на своето место.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да! Егзекуцијата беше извршена, и тоа по редоследот од порано утврден.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше повеќе од јасно дека откако бев влегол во канцеларијата на Бунде со пиштол в рака мене веќе никој не можеше да ми помогне, а и никој повеќе нема да може ни да ми наштети! Но кому да му објаснувам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога по неколку секунди се вратив во тоалетот, тетка ми не беше веќе таму сама - Кристина тукушто беше влегла и рекла „што смрди вака гадно?“ а потоа, кога јас веќе бев зад неа, „леле, што се случило?“
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа го држеше клучот и низ дебелите стакла од очилата гледаше да не се сопне по скалите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Од тој саат му беше влегол еден мерак и од ден на ден сè царев син венееше од големио мерак што му беше влегол во мислата за убајината на таа девојка...
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
За среќа, освен една сипка што еднаш беше влегла во мојата клопка, друго не сум фатил.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Еден од тие денови, кога моето истражување го прогласив за завршено, ѝ реков на мајка ми, само што беше влегла дома од работа: - Бидете без гајле, вашиот син не пуши! – и задоволно и гордо, значајно погледнав во неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Молам?! Што рече?! – праша таа изненадено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Некако ми дојде преку глава од сѐ, од сериозниот филм во кој бев влезена со факултетот, од сериозната облека која ја носев тој период.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)