бев (гл.) - висне (гл.)

Сонцето зажарено беше виснато над нивјето и печеше со сета своја жештина...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Така мирните луѓе од овој крај се избавија од големото зло што секоја ноќ им беше виснато над глава.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Филозофот ја собираше водата од карпата, правеше кал и потем, од калта сочинуваше плочки меки; потем се качуваше во кошницата што беше висната над бездната; од кошницата, исправен, на прсти од нозете истегнат, со прсти од рацете сосема испружени, со крајни сили ги лепеше калните плочки врз првиот ред и добиваше отисок од сочинението.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Душемето одамна веќе беше скапано и повеќето распаднато и со неколку пармаци останати од оградата на чардачето што сега беа виснати држејќи се само на по една шајка.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Појдов кон удолната врвица од карпестиот рид, на кој беше виснат Манастирот, крај најголемиот извор на Езерото, кој ги поврзуваше двете земји и завршуваше во бучната река која се влеваше во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)