бев (гл.) - види (гл.)

- завреска Вадим здобивајќи се со грчеви.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој не веруваше дури ни во постоењето на халуцинации; според тоа, не го беше видел она што - по негово мислење - не е можно да се види; тоа беше речиси шок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Никогаш, дури ни при бомбардирањата на крајезерскиот град за време Втората светска војна, кога татко ми мораше да замине на едно од своите таинствени патувања од кои се враќаше дури кога ќе се утврдеше едниот или другиот окупатор, мајка ми и постарите браќа не го беа виделе позагрижен, повознемирен.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Настапи долго молчење. На домаќинот му изгледаше како лицето на трговецот да го беше видел негде. Но каде?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ликот на кираџијата му беше познат, но каде го беше видел, не можеше да се сети.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Прости не можам да се сетам!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Дури тогаш домаќинот го позна и радосно извика: - Ти ли си, бре Гоце? - Јас, ами кој? - му одговори Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Хрисостом се сврте кон него и Карер на лицето му виде нешто што никогаш не беше видел.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„*Сега јас ја преземам работата*“, рече Хрисостом. Карер му потврди на владиката. Утредента, скудната декемвриска сончевина го затече владиката пред штабот на Беренц.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бев видела дека така стои на мојот здравствен картон.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тој досега не беше видел толку луѓе на едно место, не беше слушнал толку гласови одеднаш, не беше спал ни една ноќ во таква ѓурунтија и викотница како ноќеска, та затоа не можеше да предреме ни во зората, ами стана и појде на долчето, та се изми образ и се поосвежи од мамурлукот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога таа го прашуваше својот љубен или некого друг (ако нејзиниот љубен веќе беше мртов) дали ја видел, тој воопшто не ја беше видел.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Никогаш не ја бев видел Нора во светла облека, припиена блуза, розе-сатен...така, добро се оцртуваа цицките...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Таква свадба, толку сватови, толку веселба никој не беше видел.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Режисерот, кого Ване уште не го беше видел, си беше во штабот, меѓу раководителот на градилиштето и главниот инженер.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не беше видела лимони повеќе години.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Настојуваше да ѝ ги предочи клучните слики од градот што го беше видел.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Можев да испијам еден бокал вода, две кофи лимонада и едно буре малина и можев да се закопам во сладолед до гуша.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Пустината не можам да ја нацртам (никогаш не бев видел некој да црта песок), но сепак ќе ти кажам како изгледаше: песочно море со многу скаменети песочни бранови и со многу траги на тие бранови, траги од камили или нешто друго.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Видоа дека не се плашам и ме поканија со раце да појдам со нив...
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
А за да биде сликата пострашна и зашто не знаев да цртам ветар (не бев видел некој да црта ветар), нацртав лав како нè брка и едно исплашено сонце.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тој стоеше над неа, гледаше во мене и се смешкаше, и јас видов дека во раката држи калем од небесна лач, калем каков што дотогаш не бев видел; се смешкаше благо, благоутробно, понизно, молежливо, благодарно, со чиста љубов и милост кон мене, и јас гледав во тие негови очи кои сега зрачеа со жар тивка, жар што долго и бавно ги грее душите на ближните, жар непакосна, нужна за живот, како сонцето што дава топлина, како мудроста блага, а не како пламенот на суетата, слама пламната, оти сонцето дава живот затоа што не пали и гори, туку загрева и стоплува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И го освои, го плени сосема логотетот со лажната скромност и смерност своја, и стана мир во семејството наше, но мене пречувства црни ми ја кинеа душата, оти дотогаш не бев видел случај таков: рака што била десна сама да се постави на левата страна од телото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Освен тоа, веќе го бев видел папокот на Ина (таа веќе и се преслекуваше пред мене, но јас таа блискост на луѓето во циркусот не можев тогаш да ја разберам, оти тоа Ина го правеше и пред други луѓе од нивниот свет); тој папок, за жал, немаше ништо заедничко со папокот на Луција; беше некако поплиток, без сила, зарамнет на цврстиот стомак; беше тоа, како да смениш чаша на половина пиење на еден ист пијалак; како да пиеш вино со чаша за ракија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Навистина, многу долго време не се беа виделе, но, знаела дека е мажена и дека има две деца.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Скрсти одам, Бога молам Цепенков Може не беше последната година од Седумте сушни години, ама последните десетина месеци ни грутка снег народот беше видел, ни капка дожд врз себе беше сетил.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се разотиде народот од кај гробот на Сане Сандин, уверен на гласот ангелски, зашто божји знаменија кај него беше видел: сакаш сребрени облаци околу главата, сакаш златна роса врз неговите чевли.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дали порано ги бев видел, што бараат на мојата маса?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Е, во тоа време кога никој не беше видел телевизор во боја, ние во игрите и во дијалозите се користевме со „наш“ јазик.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во таа вечер на неговото заминување имаше нешто надреално – таа речиси среќна исповед на мајка му, додека очите ѝ блескаа како што никогаш дотогаш не беше видел.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се стресе оти дотогаш мајка му беше онаа што секогаш допираше секого во својата весела намисла нешто да каже, да покаже или да праша, но никогаш не беше видел некој маж неа да ја допира, а најмалку од сè да ја допира на таков начин.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Делото беше направено од хаотичните остатоци што тој ги беше видел во својата кујна едно утро по ноќната забава.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Му бакнал рака и застанал на една страна и ватил да се обгледуат во алиштата, чунки кај беше видел пусти воденичар такви алишта во својта живот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еднаш кога беше видено, сиот спас, што беше преостанат, беше само во бегањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На неговото лице му се беше појавил толку значаен израз, каков што Акакиј Акакиевич уште никогаш не беше видел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еднаш една сестра беше видела како ги мириса, или, попрво, како минува врз нив како да го испитува нивниот мирис, и како потоа кај малиот прст ги спојува благо закривените дланки, свртени угоре, за потоа да ги спојува и раздвојува, како да отвора некаква голема, мека овошка, или како нешто да раздвојува со лачни движења. 58 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сонот беше исто така опфатен - во извесна смисла и содржан - во едно движење на раката што го направи мајка му, а го повтори триесет години подоцна онаа Еврејка што ја беше видел во филмскиот журнал, додека се обидуваше да го заштити детенцето од куршумите, пред да бидат и двајцата разнесени на парчиња од бомбите фрлени од хеликоптерите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мускулестата жена со црвените раце што Винстон ја беше видел при својата прва посета, беше речиси инвентар во дворот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никогаш порано не беше видел или замислил жена од Партијата со козметика врз лицето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Носеше торба за алат од грубо кафеаво платно, иста каква што ја беше видел да носи понекогаш горе-долу по Министерството.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Медвеј!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Ривер! River!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој сакаше разновиден живот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тука е како што го бев видел...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Не сакам да завршам како хартија!“ Ете што ми збореше.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Никогаш не го бев видел, ни на најтоплото, да си ги соблече панталоните, ни палтото, ни околувратникот... Единствено манжетните и патент-краватата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Татко беше видел и една од неговите изложби на живите суштества во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се поздрави со Игора, со Коља се беше видел утрото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Трајче слушаше дека имало во Караорман партизани, но со очи не беше видел ниеден партизан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
До кутијата клечеше еден човек во офицерска униформа, каква што Трајче дотогаш не беше видел.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Том го беше видел тој гест милиони пати.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дури втасав во тој момент да се присетам и дека ѓолот според големината што ја бев видел беше сосема мал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога ѝ ја скина долгата рачка, црешата стана тркалезна црвена џамлија, поубава од сите што ги беше видел дотогаш.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Искрено речено, многу предмети и немаше: во аголот еден стар железен кревет, мала масичка со две столчиња, црн шпорет каков што јас до тогаш не бев видел, еден чуден орман, кујнски прибор на една полица и на ѕидот над креветот - неколку пожолтени фотографии.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сега тие беа варосани, но тој ги беше видел и ги паметеше!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На ум му падна и една друга света книга, некој псалтир, што ја беше видел кај струшкиот поп и од која овој му го прочита, со смеење, делот каде што пишуваше дека некој грешен јеромонах Данаил ја беше купил оваа книга од граматикот Тодор од охридското село Равне, и си ги дал за неа обетките од попадијата за позлатување и згора уште два перпера.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Такво клање и пљачкосување и јас досега не бев видел.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Одеднаш, тој се потсети со гордост и што, уште како дете, ги беше видел насликаните фрески во охридската црква „Света Софија”, само неколку години пред Турците да ја претворат во џамија!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Наеднаш се најде во безистенот, среде чаршијата и сосем заборави на сѐ, зашто такво нешто дотогаш не беше видел.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој не го беше видел него, и ваков, во никоја од своите преуранети слики, па да претпоставува што ќе се случи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не ја беше видел, а сѐ уште јасно го гледаше нејзиниот лик и по тоа знаеше дека ќе му стане судбина, дека што и да направи, каде и да бега, со неа ќе мора да се сретне и да го стори тоа што му е пишано.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во дворот полн со цвеќиња тој фрли само брз поглед, иако тие можеа одново да му кажат многу, но околу шадрванот во дворот, еден од најубавите што ги беше видел досега, се бркаа мали Турчиња во провиснати бечви кои постојано си го тргаа учкурот нагоре додека трчаа, та оваа слика ги надвладеа другите и мошне го успокои со ведри ветувања.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа овој го протолкува како извесно губење на дотогаш и така усилената присност, поради тоа што одамна не се беа виделе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше тоа некаква анамка, што ли? Не умееше да ѝ објасни на мајка си. Не, никогаш не ја беше видел.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)