бара (гл.) - ли (чест.)

Го прашала бара ли да му плати заради тоа што го носел товарот од половината на поточето стрмоглаво упатено од лесковата гора кон неголемото село, на она патче по кое некогаш, според Доце Срменков, се спуштил светецот Гаврил и ја соѕидал од камен, земја и пот првата лесковска куќа, лесковска зашто некогаш заради лесковите шуми селото се викало Лесково.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Во потопот и вашите болви ќе се издават, претскажувал старецот со вражалски ќесички под очите, едното поголемо од другото како што е поголем потпланински бадем од семка на слива; навистина оние четворица со клокотави грла за малку не умреле од незапирливо смеење, се тркалале по млада трева слични на пеливани што се борат со своите сенки, наеднаш половина дружина да попаѓа од стомачен кикот кога оној Филип Макариев го прашал со детска наивност вториот Нојо што ќе се случи ако нивните болви се удават со него а сите други ако останат во големо корито со неговите болвички, црни и скокливи внучиња со Симон-Наконтикова крв на невидливите цицалки - Ќе се давите и ќе подавате раце да ми се фатите за учкуров, ама - на! завлекол рака в појас Симон Наконтик; капнувале од невидено смеење не знаејќи ги бара ли тој болвите под гаќи да ги стисне в рака и да ги спаси од поројните води што ќе ги покријат и Содома и Гомора на вилаетот или заканувачки сака да им го покаже учкурот за кој со задоцнето јунаштво на машкоста им раскажува нови библиски поглавија; од утробата му 'ртел плач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шо правите вие двајцата сами беќари: Кој ви замесуа, кој ве приперуа? — и собра сили та заврши: — ами не барате ли некоа сиромашка, да се прожениш, та на татка ти не му дава закон шо не му дава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Останала зачудена и не видела, а ни тој, дека разговорот им го слуша легнат под сенка на дуња Лозан Перуника.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Самопочитуваните тревари Никола Влашки и Пандил Димулев го следеле со машки разбирања оддалечувањето на оној чија лузна преку окото веќе двапати му ја преврзувале и го жалеле неснаодливиот млад и убав Куно Бунгур на кого во манастирскиот двор му се насмевнала жената на сургунисаниот маж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)