бара (гл.) - уште (прил.)

Изгледаше како некои невидливи огромни чудовишта да се настрвиле на нас, ја поткреваат земјата и бараат уште жртви.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А една лира имаа. - Кај да бараме уште две? – рече таткото очаен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ти давам ритмика, метрика безмерна. Оргазам сум и настинка за оние кои ми бараат уште првата вечер.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
- А да направи мама пита од киселец, ќе видиш што е. Ќе бараш уште, - рече Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)