бара (гл.) - толку (прил.)

Беше тихо и пространо, сонцето грееше а далеку над Огражден се гонеа по прозрачното небо јата бели пувкави облаци. – Кај се губиш, Белич? – го наруши Мече прв молчењето. – Те барам толку време, а тебе никаде те нема.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
На многу како и зошто, бараше толку одговори, но не ги наоѓаше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А тогаш, колку што стрептомицинот се бараше толку, како за инает, го немаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јосиф по малку љубопитен, по малку наивно зачуден ги праша што тие две дами бараат толку рано во денот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Станува огромна таа грижа и се изразува во еден ѕид чија градба бара толку исцедена пот и толку мисли поврзани со тоа, за на крајот да бидеме затворени.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Стануваше сиот мисла исполнет внатре со судрувања и искри, гол и неуловлив за себе, и далечен, се подалечен кога сакаше да стаса до себе, да се испита и да се провери, во тоа проверување да го пронајде она непознато, она што го бараше толку време, или можеби во последните две ноќи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)