бара (гл.) - сега (прил.)

И пак ќе запрам и пак ќе си речам, што барам сега назад, ќе си речам, што барам кон местото откај што тргнав. И пак ќе се вратам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Претседателот бараше сега како да ја прифати лагата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Смешна работа“, рече Марко. „Мехмед-паша свикал меџлис и бараат сега да се турчам, Калијо“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)