бара (гл.) - овде (прил.)

„Да ги видам твоите документи, другар? Што бараш овде?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Барав овде да ми изминат часовите до тргнување на возот, но ресторанот бргу се испразни па и јас повторно се најдов на улица и тргнав пешки кон Ахенската станица.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Што бараат овде, во оваа заедница на гробови, овие двајца скромни луѓе од Маказар?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Што бараш овде?“, праша. „Дојдов да те видам“, реков. „Да расчистиме“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ви пееме тивко мелодија медна: за грст дијамнти земете го веднаш.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Според законите на возвишената господарка Мортенија, на туѓинците им е забрането движењето на оваа територија, - строго рече оној со црвени очи. – Кои сте и што барате овде?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Девојката се извила со чуден, ни грлен ни носен извик. Се обидела да се искорне од живата стапица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја свртел кон себеси и кон месечината. - Која си, што бараш овде?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зарем да се оставам овде умрен да се усмрдам, така што да биде подобро луѓето да ја запалат куќата да изгори отколку да влегуваат да ме бараат овде каде што сум затворен во оваа одаја.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но, си рече, подобро да не мисли на тоа, сѐ додека не разбере што бараше овде Цветан Горски и кој го испратил?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)