бара (гл.) - итно (прил.)

239 Во однос на овие барања од сојузничките мисии командантот на ГШ на НОВ и ПО на Македонија Михаило Апостолски на 12 септември 1944 барал итно известување од ВШ на НОВ и ПО на Југославија во однос на барањето на Англичаните “да дејствуваме на сите комуникации, а линијата Солун-Велес да не ја рушиме, но да не им дозволиме на Германците да поминуваат“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Нејзиното лице отсекогаш потсетуваше на огледало по кое шетаат дилемите на осознаеното и на она што сѐ уште е осенчено со тајновитост и бара итно разрешување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)