бара (гл.) - општествен (прид.)

Бидејќи машките геј-практики честопати се пројавуваат во детството, долго пред почетокот на сексуалната активност, и бидејќи изгледа во голема мера се неповрзани со каква било сексуална активност, искушение е да се смета дека претставуваат појава што е сосема независна од еротскиот живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, на самото присвојување на таа честита женска улога може да се гледа и како на машка кражба на женската повластица, како на веќе виден пример на машки културен империјализам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, да се бараат општествените основи на субјективитетот не значи да се побиваат најдлабоките чувства и интуиции на луѓето и да им се сведуваат на статус на обични илузии и делузии.359 Тоа, едноставно, значи да се објаснуваат. ‌Втората премиса ми е дека работните обрасци на машкиот геј-субјективитет не треба да се стремат да ја оградат родовата ориентација од сексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нивниот показ на изведбеноста на италијанското вдовство имал за цел да го направи вдовичкиот статус пренослив на нив, за да можат да си ги бараат општествените повластици што одат со тој статус – имено, правото да си ги оплакуваат љубените пред очите на целиот свет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, тие се многу основани – работата е само во тоа што основата им е во нашето општествено постоење, а не во природата на нештата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ставајќи се во дрегот на италијанските вдовици, тие се обидувале да си присвојат, колку и да било тоа иронично, женска улога што обично би им била ускратена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Општествените конструкции, со други зборови, не се неточни и погрешно е да се смета дека општествената анализа имплицира дека темелните интуиции за светот ни се заблудени и неосновани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нивниот настап, тврдев, не е мизогин: тој не искажува омраза кон жените, не толку колку што искажува завист поради можноста на некои жени јавно да изведат приказ на личната болка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)