бара (гл.) - нејзин (прид.)

Во образложението судот ќе ги изложи: барањата на странките и нивните наводи за фактите врз кои се засноваат тие барања, доказите, решителните факти што ги утврдил, како и прописите врз кои судот ја засновал пресудата (чл. 327, ст.1-4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
8.  Второстепениот суд може да ја укине пресудата и кога странката бара нејзино преиначување, а може да ја преиначи пресудата иако странката бара таа да се укине (чл. 355, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додека во неговата ординација бев седнат спроти него одеднаш доктор Настев ја извади минијатурната шупелка од фијоката, ја разгледа внимателно како да ги бара нејзините загубени звуци а потоа на чуден начин си поигруваше со прстите по нејзините дупчиња.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Неговиот поглед не го следеше екранот. Го бараше нејзиниот профил.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чана знае дека Пелагија се печи на оган, туку го бара нејзиниот поглед со знак за заминување, а тоа и се случува, станува од столицата, му се приближува на Димостена, му ја зема раката како за поздрав и туку брзо и силно ги вкопува своите усни на неа пропелтечувајќи неколку зборови Прости ми Димостене за сѐ што претрпе, за страдањата заради мене, прости ми барем ти ако не може тоа да го направи Света Богородица и дедо Господ, ама на твоите страдања немав храброст да ти натоварам уште и неизбришлив срам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Девица бараше нејзиниот дел да му се подари на манастирот во кој беше закалуѓерена.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)