бара (гл.) - друг (прид.)

Ете, селото брго ќе оставе без бареден поп, та ако он биде добер, шо веруам оти ќе биде, и другите две маала не ќе има потреба да бараат други свешченици, кога ќе видат оти им врши работа и се грижи за спасение на вашите души, — заврши дедот поп Димитрија и си ја забриша потта од набрчканото чело.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но тој со своите остри уши бараше друг глас. Него сега го интересуваа гласовите на клопотарците и ѕвонците што беа екнале по целата рудина и, смешани со кавалските звуци и кучешките лаежи, го исполнуваа целиот простор на сите четири страни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа сакаше да побрзаат назад по патот по кој беа дошле и да почнат да ги бараат другите во спротивната насока.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Требаше да се бараат други патишита. Како да се почне?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Човекот како сенка во ноќта бара друг човек сенка, мермерно лице, одраз на месечина врз бели стени, а без месечината небото осамнува, умира сонот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Нашата понуда е почесна од вашите муцки.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Пишпирик праша со слатка насмевка на влакнестото лице: - Го купувате ли овој наш Пупи Паф или да бараме други муштерии?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не се снаоѓаат со себе, па бараат друг некој да ги снајде.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мајката и ќерката не беа останати без влага од чичето, ама бидејќи умни кучките, сфатија дека треба да бараат друг спонзор додека е време зашто парата е како водата, и така тие пак тргнаа по пазарите, сега и до Костур, да најдат маж за мајката, татко за ќерката и домаќин за куќата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Командантот беше упорен: „Да не губиме време во сентименталности, со митралезот, горе, а вие, госпоѓо, или во подрум со децата или барајте друго чаре!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Како, море, каде, море, кога, море, вели Уља и зошто бараше други алишта?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не ми се бендисува, вели, еда, ќе барам друга.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)