бара (гл.) - човек (имн.)

Сите се вртиме, го бараме човекот што кашла. И го здогледуваме Дончета Спикоски. Се ниша човекот, се држи за градите и се ниша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште се редиме, што се вели, бараме човек со полазна нога, со лесна нога.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во светот се најдува сѐ што бара човекот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Човекот ги барал своето семејство, својата куќа, своите деца, мајката на своите деца. Проклет да бидам, тоа барал човекот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се бараат луѓето и се препознаваат по слики, по лузни, по белези, по зборови...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Каде да го барам човекот? – праша Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Што бараше човекот, стриче Лентен? - тихо, со страв ќе прашаше некое од децата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)