бара (гл.) - чаре (имн.)

И барав чаре...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му правеше задоволство на новиот поп да го гледа сина си пред него и да му бара чаре за здравјето, бидејќи други машки деца немаше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А пак и тој, сирома, исто така такцирлија како тебе, си го бара чарето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Требе да се бара чаре, Нешка да си остане крај мене! — си велеше таа со умот — и како инаку, ако не да си го прибериме ние со Илка браче Трајка, та едно дете на едниот мал, другото на другиот, да ни бидат покрај нас".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дали имам, јас маж толку пари со мене! Сака да се бара чаре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Треба да се бара чаре! — и почна да си реди во умот: „Жена пометнуа од тешко кревање; пометнуа ако јадиш нешчо да не ѝ дадиш — од стрвоо, шо се вели; пометнуа, да се уплаши од нешчо, пометнуа да а повреди нешчо по меот; пометнуа, пометнуа, пометнуа од . .. маѓиа !.. .
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А дека половината изумреа, тоа беше вистина кога имаше и такви кои, ниту можеа по лошото време да излезат од дома и да бараат чаре, ниту пак имаа што да сменуваат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Потоа жената си се прибираше кај другите жени и си бараше чаре тоа што го донела да го испече, во огнот да го стави во чинија и пак на домаќинот да му ја принесе за тој на друг да ја подаде и да почасти.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)