бара (гл.) - средство (имн.)

И дури таа така сама спиеше и бараше средство со кое да се отруе, една ноќ кога беше тврдо заспиена, Полин ја преклучи вратата со друг клуч и полека, на прстички, ѝ влезе во собата, ѝ се пикна во постелата, ѝ ја крена кошулата и ја соголи; кога таа се разбуди и списка, тој веќе беше над неа, со едната рака ја стегаше за рацете да не му ги извади очите, со другата за устата да не вика.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Нема да биде бадијала. Откако ќе ја подготвам монодрамата, ќе барам средства од Министерството, па макар и пред комисија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)