бара (гл.) - ракија (имн.)

- Сепак Арсо и Цветко појдоа пред нас да бараат ракија и лук.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Првин дојдоа само десетина души, вели Николе Валавичарот и почнаа да бараат ракија, и ние им донесовме ракија и, заколете десет кокошки, велат, за секој по една, си ја редат, и ајде и кокошките им донесовме, им ги натокмивме на трпезите црквински и тие јадат, гнетат, а ние стоиме на страна и гледаме, и среде јадењето некаде под црквата квикна прасе, а, овие ќе колат и прасе, вели старшијата, прасето нека го за вечера, вели,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ни на бесилка не ќе си побел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Паун Радевски бара ракија, на Силјана Лилјаков му се тресат рацете...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А не знам што му стана: пак ми бара ракија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)