бара (гл.) - работа (имн.)

Прокоп залудо бараше работа. Исцеден и жолтосан, од редната која немилосрдно го тресеше, тој се јави една вечер кај Аргировата тајфа. Но не да бара работа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе дадеш отказ и уште сега тука ќе бараме работа за тебе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Барам работа“, се реши Отец Симеон незадоволно чувствувајќи дека отстапува. „Не сакам да ме однесат водите во непостоење“,неочекувано призна одбивајќи се наслепо од судрување. Како лилјак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бил беше навикнат на занаетчии, кои возејќи влегуваа на теренот, но слаб русокос млад маж излезе од ”холивудизираниот” шевролет, облечен во работнички комбинезон со масни флеки и во сина тексас кошула, и тогаш Бил си помисли дека човекот бара работа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Меѓутоа, поради сиромаштија, морале да прекинат и да бараат работа; Ина почнала да работи во некоја кафеана; таму била и танчерка и келнерка; таму го запознала и момчето во кое се вљубила, а кое ѝ ветило подобра работа во еден поголем град.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јанис трчаше и ни бараше работа на сите страни, но ние бегавме од него како од оган.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Само еднаш се осмели, на еден помлад референт за вработување, во фабриката за чевли, да му свика: - Јас не дојдов да те прашам како да си го редам личниот живот, туку да барам работа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дали скришно, без знаење на нејзините, да почне да бара работа?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Танаско ја одвраќаше да не бара работа во Шумското, ѝ велеше Ти не си м’ж, палај там у Чана, у то стопанството Острово, не е лесно...чунки нагоре саат и надолу саат, а и земната като камин, су казма са работе а не су лупата!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
3 Во однос на првата промена на ЗПЗСО од мај 2009 година заслужува да се спомне одредбата дека и Фондот за здравствено осигурување стана обврзник за пресметка и уплата на придонеси за невработените лица кои примаат паричен надоместок во случај на невработеност и за невработените лица кои активно бараат работа и се пријавени во Агенцијата за вработување, а немаат друга основа на осигурување (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Понатаму, како позитивно треба да се оцени тоа што со донесувањето на ЗВОСН дојде до подробно регулирање на помошта што ја обезбедува Заводот при професионалната ориентација на невработените и останатите лица преку давање совети како тие самите да бараат работа преку огласи, контакти со работодавците и на друг начин, тестирања за избор на занимање за кое лицата имаат најмногу интерес и способности и формирање работни клубови за пренесување знаења
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)