бара (гл.) - простор (имн.)

Мајка на патот го бараше просторот каде што пред многу, многу години, тогаш во обратен правец, со едно прастаро вовче кое исчезна со тесната пруга, со Татко и со нас децата патуваше кон Скопје, крај реката Вардар каде што останавме засекогаш, во друга земја, со друг народ и дел од нашиот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Наблизу пиштат локомотивите со новите транспорти на живи луѓе со истоштени лица, најчесто со згаснати погледи и пресушена болка на откорнатици, луѓе што брзо, веќе навежбано се товарат во добиточните вагони кои поаѓаат проследени со пискотите на жените, викот на уплашените деца, занемените мажи, воздишките на средовечните, шепотливите молитви на старците пристиснати во своите први, подвижни ќелии, на луѓето што од страв се измокруваат во својата облека, на децата што несвесни за ужасот кој ги обзел нивните семејства, бараат простор за игра, во вагоните тргнати за далечната Полска во кои има едвај место за стоење.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Чиста форма е ова тело исполнето со некаква нематријална содржина, со искрени чувства кои бараат простор и време да го покажат своето постоење, совршени, завршени, неодоливо се стремат кон сплотувањето со друга чиста форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Потоа тој многугласен џагор, го покрива единствениот писок на локомотивата која поаѓа, тешко збивтајќи под товарот на долгата композиција што почнува да ја влече; товар што, од транспорт до транспорт, брои илјадници луѓе, милиони спомени, многу очаи, еден страв и нешто преостаната надеж.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но, се завршува со трагедијата, таа врвна уметничка форма која совршено ни ги очистува страстите и не прави свесни за нашата мизерија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)