бара (гл.) - причина (имн.)

Силно да веруваме во себе, да бараме мудрост и знаење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Трпеливо да ја бараме причината за живеење, да станеме родители, да се заљубиме, да доживееме ултимативен хедонизам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Некои весници, меѓутоа, по првите возбудувања и негодувања, започнале потрезвено да размислуваат за солунските настани и, имајќи го предвид “безумното“ херојство и саможртва на гемиџиите, започнале да ги бараат причините за нивните постапки.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓу публиката имаше и такви што не се согласуваа со ова мислење, ја бараа причината во смелоста и очајот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја барал причината на болката и на тежината во коските, во жилите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некако го симнал од себе тагарџикот со леб и во лак ја подал раката кон грбот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таму политичкото и военото раководство, тие пет-шест главуши, наредија да се бараат причините за поразот и виновниците. И ги најдоа. Нашите. Водачите на НОФ и АФЖ.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Татко ми во основа не беше толку уплашен за ната­мошниот развој на својот син партиец, колку што не мо­жеше да се разбере себеси, ги бараше причините за својата постојана неутралност, за емигрантската готовност за ком­промиси, таму каде што објективно можеби и немаше причини.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го бараше во книгите и Татковото цариградско вре­ме, кога не биле заедно, ги бараше причините на историското и пресвртно заминување од родниот крај, ги бараше нереализираните дестинации на Татковиот егзил коишто само ги замислувал, но никогаш не се осмелувал да ѝ ги каже пред тие да втасаат, да бидат зрели за реализирање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го бркаа народот од улиците, ја бараа причината за ова лудило.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)