бара (гл.) - пристан (имн.)

Пред да се разделиме, синко, би сакал да ти речам дека кој пат ќе го фатиш најмногу зависи од самиот тебе, што ти е на срце, што ти е скриено длабоко во твојата душа: да останеш и да ги завршиш правните студии или да се вратиш кај твоето семејство на Балканот?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој и сега потропа, тоа некој од него бараше пристан, бараше колку може побргу да му ја отвори вратата, инаку што друго би барал во таа ноќ на неговата врата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ветерот од морската широчина тивко дувкаше, неколку бели галеби бараа пристан на морскиот брег.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа Таа секогаш ќе бара пристан и завет зад тивкиот праг, дома.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)