бара (гл.) - пари (имн.)

Сполајбогу јас не борџам некои борџеви та да барам парите наеднаш!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ниту еден ваков поразувачки доказ не можеше да ги спречи младите филмаџии да бараат пари за филм, во услови во кои седмата уметност се третираше како луксуз и очајно чуваше небаре кинеска ваза: не користеше никому, но светкаше присутно за да некој, понекогаш, не сакајќи ја оштети...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
„Ти“, му рекол на човекот што си ги барал парите, „сега ќе одиш до тоа место, ама точно до тоа место каде што си му ги дал парите и ќе се вратиш.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зошто? Му барал пари. Се силел, ќе го заколе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Бара пари кучката. Ако, нека цркне! Што барала маж по светот!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја очекував домаќинката да излезе од тесната врата и да ми се развика, потоа да отшантрачи кај моите дома и да им бара пари за прозорецот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ангелија прекорно и плашливо рече: - Татко ми го праќа. Бара пари.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Вчера ѝ објаснував на мајка ми за ова списание и ѝ барав пари да си го купам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дали се сеќаваш, многупати ко ти барав пари на заем, ти - рече - мене не ми верваше ништо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Клисарот отиде да го викне, ама се врати без него. Барал пари.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)