бара (гл.) - одговор (имн.)

Не барам одговор, Господи, за ништо зашто добро знам дека и страстите се создадени од крв и од солзи и Ти ќе продолжиш низ нив - Мене само осама ми треба...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тој нестрпливо, упорно трубеше: низ бескрајниот, недофатлив простор полн магла неговата сирена го испраќаше својот повик, бараше одговор, очекуваше некој да ѝ се одзве.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Згора на тоа, Предо замислено го џвакаше секој (не само првиот) залак, испитувајќи со јазикот што каснал и барајќи одговор во погледот на Живко.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тие не бараат одговор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа мисла ми беше малку непријатна, но беше во негов дух.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Повеќето негови писма се самодоволни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Каде му е мистериозноста, секавично се запраша господинот Гроздановски, но немаше време да бара одговор.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И во разговорот што го водев со Таша, (сиот протече низ прашања на кои таа божем бараше одговори), некако наеднаш, веројатно откако сфати дека разговорот се најде отскитан на седмиот колосек, таа отворено праша: дали откривањето на непознати детали немало да поттикнат кај синот нови, уште понепријатни прашања?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во расветлувањето на тајната, што не беше спремна да ми ја открие, не ми помогна многу ни прашањето што уследи, бидејќи и тоа беше исполнето со двоумење: „За да можеш да се наречеш нечиј син зар не е поважно да бидеш сигурен дека таткото ти е спремен да те прифати?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Кој си ти, кажи ми? – нестрпливо бараше одговор, но одговорот и овојпат изостана.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-А, како човекот да се заштити од чуството на здодевност? – бараше одговор Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Што е тоа што однатре не притиска создавајќи ни пречки да се запознаеме целосно себеси? – загрижено бараше одговор Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Што е тоа што однатре не притиска создавајќи ни пречки да се запознаеме целосно себеси? – загрижено бараше одговор Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во дните на осаменост, со болна страст се вдлабочуваше во себе, бараше одговор и решение на замрсени сомневања.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Немо бара одговор. Му кажувам дека тоа не е ’рѓа туку исушена крв.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Набргу потоа, Ема ме обгрна со бутовите и ме натисна за да може со одмерени движења нагоре и надолу, и со сила што доаѓаше одвнатре, брановито да продолжи да се движи нагоре и пак надолу, без да се одделува од мене, туку да се лизга по мене и така да се ослободува од струјата што ѝ истекуваше меѓу олабавените усни, додека со поглед откосо, еднаш од едната, а потоа од другата страна на лицето, упорно бараше одговор од моите очи што ја гледаа низ полуспуштените клепки како низ решетки на затвор.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не бараше одговор зашто, сеедно, можеби и не ќе го најдеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ова се случува во светот на апсурдот, толку сугестивно предочен во познатиот сизифовски универзум на Албер Ками, кога со прашален поглед кон небото го бара одговорот за трагичниот апсурд, но од небето нема одговор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Палестинците на чело со Јасер Арафат ќе се најдат во вистински дипломатски лавиринт, во кој политиката чекор по чекор во решавањето на судирот, кој претставува една од отворените рани на планетата Земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го оставив мајкиното писмо. Тивката и ненаметлива Мајка не бараше да одговорам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Соочен во моите дипломатски години со палестинското прашање, во еден значен период од неговото постоење, кога се одвиваа крвавите чекори на судирот, кога се најдов во Тунис, непосредно по бомбардирањето на позициите на Арафат, потпирајќи се врз инструкциите кои ги добивав од Централата во Белград, како застапник на земјата при ПЛО, подоцна и како амбасадор во државата Палестина, по прогласот на Арафат во 1988 година, напишан од Махмуд Дарвиш, размислувајќи и чувствувајќи ја драмата во Картагина, јас често барав одговори во татковата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите, во која имаше едно незавршено поглавје - за историјата-лавиринт...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во својата медитеранска екстаза, како некогаш Албер Ками, Дарвиш ќе потврди дека јазикот и метафората не се доволни на пределот да му се наложи друг предел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нивните дисхармонични крици, кога ловот е завршен, и големите туни се предадени на смртта, се претвараа во некаква песна на победата, во еден хор на лудило, во една химна на апсурдот, со погледи упатени кон небото, во знак на благодарност кон овој дар од небото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Навистина, никогаш не бараше одговор, ниту го сугерираше на било кој начин. Оставаше на мојата совест!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поетот не успевајќи да му се наложи на другиот предел, барајќи одговор од историјата и разбирајќи дека таа не може да биде компензација за изгубената земја, одговорот ќе продолжи да го бара на неизвесните патишта на универзалниот егзил, на некој можен премин на минливоста, на премин меѓу материјалното и метафизичкото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко подоцна го бараше одговорот за суштината на душата во светите книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога Татко ќе најавеше блиска преселба, Мајка дол­го му се доверуваше на огледалото, небаре бараше одговор од некого кого сигурно го гледаше во огледалото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тркалото почнува да пее, забавено да игра: - На почеток беше збор, само мал, изгубен збор и како секој осамен збор и тој си бараше одговор.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
А Тате стоеше беспомошно, се обѕираше долж собата како да бара одговор, но никогаш не го наоѓаше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Го топореше пред нив мајката Перса своето насмеано лице во исто време збунувајќи ги со зборовите дека по многу години пак ѝ даруваат ќерка, нешто што не му одмина на Атанаса, нешто што ќе го прибележи во својата тетратка за подоцна да бара одговор.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Меѓу Сцила и Харидба, меѓу две големи опасности, меѓу субверзивните сили на животот соломонски бараме одговор на прашањата: -„Зошто денес ни се случуваат несреќи?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Па зар има добар ден за несреќи!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не можеме со ламби и фенери да ги бараме одговорите, во рамките на нашите души постојат гласови кои ни ги даваат сите одговори, ние самите најдобро можеме да ги лекуваме нашите најдлабоки рани, да ги надминеме нашите ограничувања, нашите пречки и предизвици и да видиме каде нашата душа копнее да оди.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)