бара (гл.) - кавга (имн.)

Петре видел колку е часот и го успокоил заптијата зашто тој Тефик беше човек што со сила бараше кавга со рисјаните.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Домците почнаа да се туркаат околу високото, неубаво дете, Методија Гришкоски, едно момче од управата, потсилен од неколкуте свои другари, се дрзна да го бутне одзади, бараше кавга.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)