бара (гл.) - засолниште (имн.)

Јас само се обидувам да ја згуснам достапната информација во форма што ќе биде лесно приемчива“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ова секако не е вид на изјава што би ги натерала бранителите на општеството да бараат засолниште.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сега блештава и јасно црвена боја сака да ме обземе, а јас барам засолниште во меката и чадливата жолта боја.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Повторно долго спиеше барајќи засолниште во сонот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Птиците збунети и испаничени крикаа и бараа засолниште.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Седеше тука разочаран, ниту малку подобар од летен чадор против сонце, зелен и отфрлен, напуштен од немарните излетници кои понекогаш бараа засолниште во неговата проѕирна сенка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)